Сведочење на девојката на Џорџ Флојд: “Ми ја врати вербата во Бога”

816

Девојката на Џорџ Флојд сведочела на судењето на Дерек Човин за убиството на Афроамериканецот. Таа истакнала дека со Флојд ја делеле зависноста од лекови против болки и дека заедно се бореле да ја надминат неделите пред неговата смрт, пренесува “Guardian”.

Кортни Рос рекла дека Флојд бил чист некое време откако го одвела во болница кога се предозирал, но дека повторно почнал да користи лекови две недели пред минатиот мај да се случи инцидентот во Минеаполс во кој настрадал.

Поголем дел од ова потресно сведоштво на четвртиот ден од судењето бил фокусиран на неговата зависност, бидејќи обвинителството се обидело да ги отфрли тврдењата на одбраната дека Флојд починал од предозораност, бидејќи во своето тело имал опиоди и метамфетамин.

Смртта на Џорџ Флојд предизвикала пресметки поради раса на национално ниво во САД, а во текот на целото лето се случувале протести и граѓански немири кои биле насочени на борба против расизмот, пренесува “Guardian”.

Судењето на полицаецот Дерек Човин кој клечел на вратот на Флојд при апсењето, се смета за едно од најголемите американски судења за убиство во поновата историја.

Медиумите пишуваат дека сведочењето на Кортни Рос помага да се утврди дека Флојд изградил толеранција на лекови и дека релативно малата количина која е најдена во неговиот организам при официјалната обдукција, наводно не била доволна за да го убие. Рос, која била во врска со Флојд околу три години, рекла дека двајцата биле зависни од лекови против болки.

Таа рекла дека спортските повреди довеле до зависност од таблети кај Флојд, кои се купувале со рецепт лесно, а потоа парот почнал да купува лекови на црниот пазар.

Два месеци пред смртта на Флојд, Рос го одвела во болница бидејќи се предозирал земајќи нова таблета, која била посилна од останатите. Рекла дека се жалел на силни болки во стомакот и дека забележала бела пена супстанца околу неговите усни.

Во вкрстеното испрашување, одбраната се вратила на овој дел од сведочењето, очигледно затоа што Флојд во време на апсењето повеќе пати се пожалил дека го боли стомак и имал бела пена на устата.

Одбраната на Човин тврдела дека Флојд бил предозиран во тоа време и дека тоа придонело да му престане срцето. Рос во текот на сведочењето зборувала и за тоа како се запознала со Џорџ.

Рекла дека се сретнале кога во 2017-та година тој работел како обезбедување во засолниште за бездомници и исто така работел како чувар во ноќен клуб. Се сретнале пред засолништето за бездомници кога таа чекала да го види таткото на својот син. Рекла дека Флојд ја прашал дали би се молела со него, пренесува “BBC”.

“Тоа беше многу слатко, а во тоа време ја изгубив верата во Бог и тој ми ја врати”, рекла таа, додавајќи дека таа вечер се бакнале.

Раскажала дека нивниот прв состанок е “една од нејзините омилени приказни”.

Истакнала дека Флојд бил уништен кога неговата мајка починала во 2018-та година.

“Делуваше како да се затвора сам во себе, беше скршен. Делуваше многу тажно”, рекла таа.

Кога и покажале селфи кое Флојд го направил, Рос го допрела екранот и заплакала.