Клоп: Реал е фаворит, ама Ливерпул е тим граден за вакви натпревари!

556

Ливерпул иако не играше во посакуваната форма во Премиер лигата, во Лигата на шампионите проблемите како да не постоеја. Вечерва ги чека голем предизвик, првиот натпревар од четвртфиналето против Реал Мадрид на „Алфредо ди Стефано“ ќе биде вистински тест.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп беше видно расположен на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Многу помага кога долго работите заедно, целиот тим се потруди против Арсенал. Се надевам така ќе биде и со Реал. Тие се противник кој бара организација во дефанзивата. Нашиот тим е изграден за вакви натпревари. Се среќаваме со тим кој игра атрактивен фудбал и тоа ни дава шанса. Сите зборуваат дека Реал е фаворит, а ние немаме проблем со тоа. Мора да ги „бркаме“, тие се искусни, тим кој знае како да ја освои титулата во ЛШ“, изјави Клоп.

Дуелот во Мадрид ќе се одигра денес со почеток од 21:00 часот, додека реваншот е закажан наредната среда во Ливерпул на „Енфилд“.