Навивачко катче во Скопје пред големиот ракометен дуел Македонија – Романија

1748

Компанијата „РЕХАУ“ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, во Скопје организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари.

– Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8.Нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.

Ве покануваме да го посетите нашето навивачко катче кое ќе биде поставено од 19.30 часот централно од главниот влез на ВИП Арената. Секој што ќе дојде ќе има можност на неговото лице да биде нацртано најубавото знаме на планетата, а ние за сите присутни ќе обезбедиме симболичен подарок, известуваат од „РЕХАУ“.

Бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2019 меѓу Македонија и Романија се игра вечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.