Приказна за 4-ТЕ СВЕЌИ: Одвојте минута и прочитајте, ќе ја паметите засекогаш

653

Во една просторија четири свеќи гореле полека. Било тишина и можел да се чуе нивниот разговор. Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгасам“. И веднаш се изгасила.

Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА – за жал, многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам и понатаму“. Само што го изговорила тоа, дувнал благ ветрец и ја изгасил.

Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ – немам веќе сила, луѓето често забораваат на мене“. И истиот момент се изгасила.
Малку подоцна во собата влегло дете.

„Што е ова?“, прашало детето. „Требаше да горите до крај.“ И велејќи го тоа, почнало да плаче.

Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме останатите свеќи. Јас сум НАДЕЖ“.
Со сјај во очите детето ја земало свеќата „НАДЕЖ“ и ги запалило останатите свеќи.

Пламенот на надеж да секогаш би требало да гори во нашите срца, за секој од нас да може да ја одржи вербата, мирот и љубовта.