Солун повторно гори: Студентите направија пекол

1242

Студентскиот протест во Солун бил завршен во околу 15:00 часот со судири со полицијата, а инцидентите избиле на крајот од студентскиот марш во Синтривани, додека група демонстранти на Универзитетот Аристотел ја гаѓале полицијата со камења, шишиња и молотви коктели, пренесува “Катимерини”.

Пред хотелот “АБЦ” облеката на еден демонстрант се запалила и полицијата побрзала да го изгасне огнот. На демонстрантот му била повредена ногата, на самото место му била укажана прва помош и пренесен е во болница.

Инцидентите продолжиле и подоцна на Егнатија, каде луѓе со качулки и маски фрлале камања, предмети и молотви коктели на полицијата од дворот на Богословската школа.

Еден паркиран автомобил бил зафатен од пламен, а некои се оштетени.

Студентите протестирале барајќи да се повлече законот за високо образование, а протестот бил завршен пред зградата на ректорот на Универзитетот Аристотел во Солун.