Ќе бидат исплатени милијарди долари: NASA го избра SpaceX на Илон Маск за превоз на првите луѓе на Месечината

642

Американската вселенска агенција NASA го избра SpaceX, компанија на Илон Маск, да го изгради леталото кое ќе превезува луѓе на Месечината.

Леталото би требало да превезе еден маж и една жена на Месечоната во рамките на програмата „Артемис“.

Леталото ќе биде засновано на Starship моделот на SpaceX, а се тестира во јужен Тексас. Компанијата на Маск за оваа улога се избори во жестока конкуренција и доби договор тежок 2,89 милијарди долари.

Програмата „Артемис“ која беше стартувана за време на мандатот на Доналд Трамп, има за цел да ги пренесе првите луѓе на површината на Месечината до 2024-та година, но поради недостаток на финансиски средства, овој проект претрпе измени.