По пишувањата дека пејачот Даниел Кајмакоски бил примен во болница откако се видел со поранешната сопруга Кристина Димитријевска во парк за се сретне пејачот со детето кое го имаат од нивниот заеднички брак при што на Кајмакоски му било дадено кафе од кое подоцна му се слошило, најпосле и Даниел се огласи по овие пишувања, неговото објаснување го објави на социјалната мрежа Фејсбук, а истото прочитајте го во продолжение:
На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.
Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации.
Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот.