Почина бебе старо 9 дена од Крагуевац: Новороденчето било заразено со коронавирус

629

Новороденче старо 9 дена, заразено со коронавирус, во многу тешка состојба е префрлено од клиничката болница во Крагуевац на Универзитетската детска клиника во Белград, каде, за жал, починало.

Како што наведуваат од белградската здравствена установа, за време на лекувањето од инфекцијата Ковид-19, која кај бебето била пронајдена веднаш по раѓањето, во клиничката болница Крагуевац биле применети сите тераписки процедури, неопходни во лекување на Ковид-19 кај новороденчето.

За време на лекувањето, поради развој на мултисистемска инсуфициенција на сите органи, новороденчето било пренесено на Детската универзитетска клиника во Трисова, во придружба на лекар, поради континуиран третман, кој вклучува замена на бубрежната функција и третман на респираторен дистрес и секундарна пулмонална хипертензија во неонаталната единица за интензивна нега.

„По примањето на терапијата за време на лекувањето не доаѓа до подобрување, се влошува мултисистемното попуштање, што доведува до смрт на бебето“, се наведува во соопштението.