Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе подолго време успешно ја гради својата кариера со добри песни, обидувајќи се да го задржи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, иако последниве месеци тоа баш и не и успеа по врската со новото помладо момче.
Како и да е, бидејќи медиумите го следат секој нејзин чекор, таа сега на Инстаграм објави фотографија од нејзината младост, на која позира со нејзината мајка Мира.
И двете се облечени во црно и имаат кратка коса, па многу обожаватели на фолк дивата коментираа дека Цеца прилично потсетува на нејзината мајка.
„Иста мајка“, „Убави жени“, „Убава мајка, а и ти исто“, се само дел од коментарите на споменатата фотографија. Она што исто така, никој не може да ви избега од видоглед е широката насмевка на лицето на пејачката, по која таа е препознатлив и денес.
фото: Инстаграм принтскрин/ceca_moments