Санкционирани се 395 возила при акциска контрола во која во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патишта на територијата на цела држава контролирала дали се вози со поголема брзина од дозволеното.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вкупно 395 возила, 26 од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот.