Последниот брак му пропадна поради контроверзната вера, а по 9 години самотија го освои многу помладата колешка

867

58-годишниот актер Том Круз некогаш важеше за голем заводник, но по разводот од актерката Кејти Холмс во 2012 година не бил во ниту една сериозна врска.

Но, во декември минатата година се дозна дека актерот е повторно во романтична врска, а неговата нова девојка е 20 години помладата актерка Хејли Атвел со која се зближил на снимањето на „Mission: Impossible 7“ во кој и двајцата глумат.

Нивните заеднички фотографии од сетот тогаш го обиколија светот, а заљубениот пар сега бил фатен и во текот на еден интимен момент. Том и Хејли биле фотографирани како разговараат во текот на паузата од снимањето, а на фотографиите кои ги објави „The Sun“ изгледаат среќно и заљубено. Тоа се воедно и нивните први заеднички фотографии откако се знае дека се пар.

За потсетување, за крајот на бракот помеѓу Том и Кејти била пресудна неговата контроверзна скиентолошка вера поради која таа се иселила од нивниот заеднички дом заедно со ќерката Сури. Иако сите овие години имал право да ја гледа ќерка си 10 дена во месецот, Круз наводно не ја видел Сури откако се развел од нејзината мајка, исто така поради својата вера која му забранува дружење со неа бидејќи не е скиентолог.

Пред бракот со Холмс, Том беше оженет и со Никол Кидман – парот беше во брак од 1990 до 2000 година, а заедно ги посвоија денес 25-годишниот син Конор и 27-годишната ќерка Исабела.