Лекарот располагал со одредена доза вакцини, но засега не е јасно каде завршиле вистинските.
Полицијата во Анкона истражува случај со лекар кој на пациентите, наместо “Pfizer” вакцини, им давал обичен физиолошки раствор, пишува “Fanpage”.
Според досега достапните информации, лекарот на овој начин “имунизирал” околу 30 пациенти, но не е исклучено да станува збор за многу повеќе.

Истрагата била отворена откако некои пациенти се посомневале во вакцинацијата, бидејќи лекарот избегнувал на пациентите да им каже со која вакцина се имунизирани, ниту им давал потврди за вакцинација.
Како што се наведува, полицијата допрва треба да го утврди точниот број на измамени, како и мотивите за ваквото однесување, а според пишувањето на медиумите, докторот се бранел дека постапил така поради притисокот на некои луѓе да бидат вакцинирани иако немал доволно дози.
Лекарот располагал со одредена доза вакцини, но засега не е јасно каде завршиле вистинските.