(ВИДЕО) Медицинска сестра се разбудила во такси и го давела и гризела шоферот

641

Возач на Убер беше нападнат од клинетка, а целиот инцидент беше снимен од внатрешните камери на возилото. Нападот се случил на 17 април во Сент Петерсбург во Флорија, кога 55 годишната медицинска сестра Мишел Стивел од задното седиште почната да го дави 22-годишниот возач Мајкл Хејси.

Во неговата пријава, тој раскажал дека таа заспала набргу откако влегла во неговото возило, а кога се разбудила одненадеж го нападнала. Таа го давела викајќи му „Умри, умри!“, а на крај дури и го гризнала за вратот. Тој го запрел возилото, а случајни минувачи му помогнале да избега.

Никогаш не сум бил толку уплашен, мислев дека ќе ме убие, вели возачот.

Стилвел е уапсена и обвинета за напад, а нејзиниот сопруг Роб вели дека таа воопшто не се сеќава на нападот.

Убер возило за неа порачала ќерка ѝ, а за време на нападот може да се чуе и дека жената вика :„Мојата ќерка, мојата ќерка!“.