Урнебесно видео од Германија: Играч на Вердер три пати во десет секунди доби топка на незгодно место

701

Навистина урнебесно видео од натпреварот од германската Бундеслига помеѓу Унион Берлин и Вердер Бремен се појави на социјалните мрежи.

Ударите со топка во меѓуножјето знаат да бидат екстремно болни за фудбалерите кои потоа се превиткуват на тревникот додека не помине болката.

Тоа најдобро на своја кожа го осети фудбалерот на Вердер Бремен, Марко Фриедл кој три пати во рок од десет секунди доби удари на незгодното место.

Одбранбениот играч на Вердер по првиот добиен удар се струполи на земја, но тоа што се случи после дефинитивно не го очекуваше. Играч на Унион Берлин повторно упати удар и повторно го погоди во меѓуножјето, а за работата да биде уште полоша, топката му се одби до него, тој пак шутираше и пак го погоди Фриедл на исто место.

Видеото веднаш стана вистински хит на социјалните мрежи и брзо се прошири меѓу фудбалските сеирџии.