Адријано се расплака кога дозна дека му се остварил сонот

595
Адријано, легендарниот бразилски фудбалер, емотивно ја прими веста дека неговото име ќе се најде на славната патека на познатата Маракана.

Адријано ќе биде 123. спортист и вкупно 104-ти фудбалер чие име ќе биде испишано на патеката на најпознатиот бразилски стадион. Неговото име ќе биде веднаш до тоа на Пеле, Гарињо, Ромарио, Зико, Роналдињо, Роналдо, Еузебиус, Бекенбауер, Меси …

“Јас сум толку возбуден … Од кога знам за себе, тоа беше мој сон. Би сакал татко ми да беше жив за да го види ова”, рече 39-годишниот Адријано. Тој објави фотографии на Инстаграм од моментот кога дозна дека ќе биде дел од избраниците на Маракана.

Церемонијата ќе биде закажана кога ќе се одобри враќањето на гледачите на стадионите. Адријано постигнал 46 погодоци за Фламенго, од кои 27 на Маракана. Со Фламенго освоил три шампионски титули и ја заврши кариерата пред пет години. Поранешниот играч на Интер, можеше да направи поголема кариера, но имал големи проблеми со алкохолот и депресијата додека играл во Европа.