Возрасна жена избркала млада девојка од плажа – причината е смешна

649

Савана Смит со корисниците на социјалните мрежи го споделила своето најново искуство од плажа на Хаваите и поради тоа доби голем број на коментари од многумина на Тик Ток.

Имено, една повозрасна госпоѓа со дете имала замерка на нејзиниот костим за капење, кој, според неа, премногу откривал.

„Ми рече дека не сака да ми го гледа голото тело и задникот, иако во тие моменти лежев на грб и никако не можеше да се види мојата позадина“, наведува таа.

Потоа таа го покажува своето бикини, наведувајќи дека нема никаков проблем со овој костим за капење, што и всушност изгледа нормално и не открива ништо повеќе од обично.

„Ѝ реков на госпоѓата дека не ми е јасно што треба да покријам, на што таа ми одговори дека не сака да ме гледа таква на плажа и дека сака да си одам“, додала Савана, а под видеото има коментари со поддршка за девојката, која, според многумина, немала безобразно бикини.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.