Францускиот претседател Емануел Макрон пратил воен брод кон островот Џерси во Ламанш откако Велика Британија пратила два брода да патролираат околу островот поради најавите за француска блокада поради спорот околу правата за риболов по Брегзит.
Британски бродови вооружени со топови и митралези патролираат низ каналот откако Париз вчера предупредил дека би можел да ја исклучи струјата која во главно се испорачува со поморски кабел до островот.
Британскиот премиер Борис Џонсон донел одлука за распоредување на патролни бродови откако разузнавачките податоци сугерирале дека до 100 француски рибарски бродови ќе го блокираат секој пристап до пристаништето Сент Хелијер.
Brexit: protesta pescherecci francesi davanti a isola Manica: (ANSA) – SAINT-HELIER, 06 MAG – Circa 50-60 pescherecci francesi stanno inscenando una protesta al largo dell'isola britannica di Jersey, nel canale della Manica, alcune tentando di bloccare… https://t.co/tTt0UVHKFp pic.twitter.com/8xxJMzlkRd
— Giornale Radio (@giornaleradiofm) May 6, 2021
До таквиот развој дошло откако Џерси минатата недела одлучил да не издава дозволи за риболов на француските бродови на основа на новиот систем воведен по Брегзит.
“Daily mail” пренесува дека околу 100 мали рибарски бродови со факли и транспаренти се веќе на пристаништето, а мештаните на малиот остров кој не спаѓа под британска територија, но се смета за кралски поседи, велат дека состојбата е “како инвазија”.
The dispute between France and Jersey over access to local waters appeared to be escalating this morning as a large number of French fishing vessels massed around St Helierhttps://t.co/uN9Mr7PBtL
— Guernsey Press (@GuernseyPress) May 6, 2021
Џонсон претходно разговарал со премиерот на Џерси, Џон ле Фондре и министерот за надворешни работи Иан Горст, по што нагласил “итна потреба за деескалација на тензиите”.
Според новите правила кои Џерси ги вовел на основа на трговските договори на Велика Британија и Европската унија, сопствениците на француските бродови мора да докажат дека и претходно ловеле во водите околу островот.
Француските власти тврдат дека новите технички мерки за риболов околу островот во Ламанш не се разгледувани со ЕУ и оценуваат дека тие се правно невежечки.