Телевизиската личност, модел и пејачка, Шанел Хејз, добила многу вишок килограми во текот на бременоста.
Како што вели, свесна е дека веројатно никогаш нема да има тело како порано, но и многу е задоволна од успехот кој досега го постигнала.
Пејачката драстично ослабнала, благодарение на операцијата за намалување на желудникот, но и правилна исхрана и тренинзи.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил го опишала своето искуство, воедно покажувајќи и вознемирувачка фотографија на која се гледаат исекотини и модринки кои ги добила за време на операцијата.
Шанел исто така покажала дека после операцијата пиела многу лекови и дека исхраната тие четири месеци всушност ѝ била течност.
Пејачката гордо го покажува својот успех на социјалните мрежи, па така неодамна објавила неколку фотографии од ‘пред и потоа’.
Како што открила, ѝ останала вишок кожа, но не многу, додека лицето всушност само ѝ се намалило и на него не правела никакви дополнителни корекции.