Ердоган: Ќе го мобилизирам целиот свет против Израел

666

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во одвоени телефонски разговори со шефот на палестинската национална администрација Махмуд Абас и шефот на политичкото биро на движењето ХАМАС, Исмаил Хани, соопштил дека ќе направи се што е во негова моќ за да го мобилизира целиот свет, посебно исламскот, за да го спречи “теророт на Израел против Палестинците”.

“Оценувајќи ги израелските напади во Ерусалим како терор, ја изразив својата осуда на овие напади кои ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе направиме се за целиот свет да се мобилизира, посебно исламскиот, да се спречи теророт и окупацијата”, напишал на Телеграм.

Тој додал дека “Турција секогаш ќе биде на страната на палестинските работи, ќе стои покрај своите палестински браќа и ќе ја штити честа на Ерусалим”.

Претходно војската на Израел одлучила да го зголеми присуството на границата со Појасот Газа, откако во последно време продолжени се ракетирањата од енклавата по територијата на Израел.

Покрај тоа веќе неколку дена продолжуваат судири во Источен Ерусалим. Според податоците на Црвената полумесечина во Ерусалим, само вчера во судирот меѓу Палестинците и израелската полиција биле повредени 80 лица.