Зоран Заев по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека ја очекува поддршката од Грција во спорот што Македонија го има со Бугарија.
Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер.
Заев вели декае пријател со Бугарија но оти таа го измислила ова прашање па дури и дека спорот му е смешен.
Ова не е нималку смешно ако се знаат изјавите на Заев по Договорот од Преспа. Минатата година Заев во тв емисија рече дека Бојко Борисов преговарал за Македонија и Грција да постигнат договор и оти тоа го правел „како за своја земја“.
Заев си го вклучил Бојко Борисов во преговорите за Преспанскиот договор. Слушнете што вели за неговата улога, па уште додава дека "го правел тоа како за своја земја". Ова ништожно човече со пазарџиски ментален склоп мислел дека продава магариња, па го вклучил и џамбазот Бојко. pic.twitter.com/EFPEkNveNE
— Џон Фалстаф (@JohnFalstaffMKD) December 10, 2020
Знам каква поддршка даде кога разговараме со Ципрас за преспанскиот договор.Движеше телефони, разговараше, доаѓаше, директно инволвиран како за своја земја-изјави Заев.