Дали знаете кои професии се најслабо платени во Македонија?

671

Според податоците на ДЗС, просечната плата во Македонија за месец март изнесувала 28.217 денари.

Нивните податоци покажуваат и дека најниска просечна плата е регистрирана во кожарската индустрија, за производство и преработка, а истата изнесува 23.579 денари.

Потоа, најниски просечни плати се забележани во заштитни и истражни дејности (24.700 денари), туристичка дејност (25.542), потоа производство на облека со 26.173 денари, како и одржување на станбени згради и уредување на површини околу нив – 26.218 денари.