Најбогатиот шпански гроф се венчаше со наследничката на милионска империја

669

Шпанскиот аристократ и внук на најбогатата жена во Шпанија Карлос Фиц-Џејмс Стјуарт, во саботата на 22 мај во Мадрид се венчал со својата вереница Белен Корсини на гламурозна церемонија во палатата Лирија во Мадрид.

Оваа венчавка била првата голема венчавка на познатите во последните 18 месеци во Шпанија, а без оглед на тоа што сме 21 век, целата церемонија потсетувала на љубовните приказни од 18 и 19 век.

Имено, младиот гроф и Белен со нивната венчавка обезбедиле „сојуз“ на двете најбогати семејства во земјата.

Убавата Белен е правнука на Карлос Корзини, инженер и основач на претпријатие за градење и јавна работа „Corsan“ кое во 2004 година било продадено за 325 милиони евра.

Од друга страна пак, згодниот Карлос наследил над 2,2 милијарди фунти откако војвотката од Алба починала во ноември 2014 година.

Младиот брачен пар брачните завети ги разменил три години по врската пред околу 3000 гости во раскошна атмосфера во палата од 18 век.

И, додека 29-годишниот гроф изгледал многу отмено и моќно во традиционалната униформа која ја носел, неговата поубава половина блескала во едноставна, но сепак неверојатно елегантна венчаница.

Белен ги воодушевила модните критичари со изборот на софистицираната венчаница во чисто бела боја со пуф ракави и В прорез на која имало и златни детали.