Де Бур: Ќе ја победиме Македонија со 3-0 но подобро ќе биде да загубиме

831

Холандскиот стратег Роналд де Бур го откри списокот со кој ќе игра на Европското првенство. „Лалињата“ се во нашата група, заедно со Украина и Австрија.

Предводникот на Холандија нема дилема околу дуелот со Македонија. На новинарско прашање за дуелот со нашата репрезентација, тој самоуверено одговори:

„Нема да загубиме од Македонија, ќе ја победиме со 3-0. Но, можеби ќе биде попаметно да загубиме, за да бидеме втори. Ако сме на првото место, нè чека пеколен противник од „групата на смртта“. Од друга страна, ако сте на третата позиција, ќе добиете уште полесен противник…“.

Дуелот меѓу Македонија и Холандија ќе се одигра во рамки од третото коло, на 21 јуни со почеток од 18:00 часот.

До тој момент сигурно дека работите во групата ќе бидат појасни, па не е исклучено да се прават калкулации од двете страни.