„Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра, ќе отвори маркети во осум градови

935

Германскиот ланец маркети „Лидл“ во земјава ќе инвестира 300 милиони евра, информирa премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции.

– „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.

Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.

– „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, рече премиерот Заев.