Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, сосема спонтано открила каде ќе настапува нејзиниот партнер следната сезона.
Имено, додека шетала низ улиците во Шпанија каде моментално е на одмор, ѝ пришла личност која ја снимала и ја прашала дали Роналдо останува или си заминува од Јувентус.
Атрактивната Џорџина се свртела и порачала – останува, а тоа јасно може да се види и чуе на видеото.
Será que Cristiano Ronaldo permanecerá na Juventus? 🤔
Georgina Rodríguez, companheira do craque português, deu a resposta: 'Ele fica!' ⚽pic.twitter.com/MSJtqGUrV7
— Goal Brasil (@GoalBR) May 31, 2021
Ова е секако одлична вест за сите навивачи на Јувентус кои очигледно биле уверени дека Португалецот е во потрага по нов клуб, пред се поради фактот што веќе го „преселија“ во ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Се споменуваше и можно враќање во Спортинг од Лисабон, клуб во кој порасна и за кој навива неговата мајка. Токму таа по освојување на шампионската титула на Спортинг порача дека ќе се обиде да го наговори синот да се врати во Лисабон.
Сепак, изјавата на Роналдо по завршување на сезоната прилично ги загрижи навивачите на Јувентус.
„Со освојување на првенството, Купот и Суперкупот на Италија, титулите за најдобар играч и стрелец во Серија А, ги постигнав целите кои ги поставив по доаѓањето во Италија. Да се освои сето ова во фудбалска земја која е исполнета со добри играчи и силни клубови е голема работа“, изјавил Португалецот.