„Балкан бенд“ на сцената се враќаат со ново ремек-дело: Во недела ја промовираат „Железните пари бабини“ !

1140

По се изгледа кризата со корона-вирусот е некаде кон крајот, а тоа значи дека конечно ќе можеме да се опуштиме и да се вратиме на стариот начин на живот.

Факт е дека оваа криза најмногу влијаеше на музичката индустрија, не само во светот, туку и кај нас. Но, да заборавиме на лошите времиња. Време е за музика, време е за добра песна! Момците од еден од најпопуларните бендови кај нас, „Балкан бенд“ по подолго време се враќаат на сцената со нова песна. Поточно станува збор за ново ремек-дело за кое сме сигурни дека нема да ве остави рамнодушни. Се работи за тема која буквално ќе ја слушаат од 7 до 77 години.
„Железните пари бабини“ е насловот, а истата е дело на Горан Јовановиќ – Топче, односно музика и текст, аранжманот е дело на Дејан Момироски, додека микс и мастеринг е правено во студиото „XXL“.
Но, она за кое сме сигурни дека ќе останете со подотворени усти е видеото за оваа песна! Премиерата е закажана за во недела во 18 часот. И додека одбројуваме и ја исчекуваме официјалната промоција претплатете се на Јутјуб каналот на „Балкан бенд“ и потсетете се на рефрените кои што ги одбележаа нив како состав.