Обама објасни што би се случило доколку дознаеме дека постојат вонземјани

622

Извештај за непознати летачки објекти, куп документи собрани од американската војска до денес, треба да пристигне наскоро пред Конгресот на САД. Треба да го достави Аврил Хајнс, директор на Агенцијата за национална безбедност и поранешен заменик директор на ЦИА, што објаснува зошто јавноста е прилично возбудена веќе некое време кога станува збор за феномен за кој сите би сакале да знаеме многу повеќе.

Извештајот треба да стигне до јавноста до крајот на јуни, со шпекулации дека некои делови од него ќе останат тајни.

Во секој случај, факт е дека во последниве месеци, невообичаено голем број американски официјални лица јавно зборуваа за овој феномен, а неколку зборови изнесе и поранешниот претседател Барак Обама за време на неодамнешното гостување во емисијата Џејмс Корден.

– На небото навистина има записи за предмети, за кои едноставно не знаеме кое е нивното потекло. Не знаеме како да објасниме како се движат, не ги разбираме нивните патеки, обрасци … Луѓето ги сфаќаат сериозно и се обидуваат да ја разберат појавата. Но, за жал, во овој момент, немам што повеќе да ви кажам – рече тој во таа прилика, но додаде и некои размислувања во интервју за Тhe New York Times.

Обама изрази загриженост за реакцијата на човештвото, кога веста за постоењето на вонземјани ќе стане официјална, но исто така изрази надеж дека секоја таква информација сепак може да создаде поголемо единство меѓу народите.

Но, тој е сигурен дека и тоа ќе има свои негативни страни.