Верувале или не, точно седум секунди се потребни за една жена да го “скенира” мажот кој што се наоѓа пред неа. Еве како таа набрзина го стекнува првиот впечаток за вас:
Површно, но вистинито
Па, што можам да направам за седум секунди, а сепак да ја импресионирам? Веројатно секој од вас најпрво си го постави ова прашање. Реално и не можете да направите којзнае што. Но сепак, она што е важно е да се потрудите вашиот изглед да биде и вашиот прв адут. Токму така, ако сте згодни и средени, таа ќе продолжи да разговара со вас.
Ако тој физички аспект не ви е важен, можеби таа ќе се повлече и пред истекот на седмата секунда. Може да бидете и најинтересната личност која што таа ја запознала во својот живот, можно е и да поседувате сосема неверојатни приказни, но ако на самиот почеток нема никаква физичка привлечност, шансите се многу мали и таа ќе го изгуби својот интерес. Навистина, тоа е површно, но е дефинитивно и неизбежно.
Имате уште бонус од 23 секунди
Кога ќе го скршите мразот, а неа ќе ѝ се допадне како изгледате, тогаш добивате и бонус. На една жена ѝ се потребни 30-тина секунди за таа да одлучи дали сака да биде интимна со вас или не, или барем така велат некои истражувања. Тоа секако не значи дека за 30 секунди таа ќе се соблече пред вас, но таа сепак ќе знае дали сака, или сепак не сака интимен однос со вас. Ова е всушност продолжување на правилото од седум секунди.
7 правила кои што треба да ги следите во текот на првите седум секунди:
1. Не почнувајте со фразите од типот – “Дали болеше кога падна од небото?”. Тоа е евтино, глупаво, и едноставно не делува! Исто така, избегнувајте било какви се*систички коментари за нејзиното тело, гради, коса и не поставувајте непристојни или премногу лични прашања. “Па, која ти е омилената поза”. Не, никако! Сето она што можеби сте го виделе на филмовите не доаѓа предвид.
2. Кажете нешто смешно. Еден од најдобрите начини за да воодушевите една жена е да ја насмеете. Значи, за седум секунди би требало да ја измамите нејзината насмевка. После истекот на тоа време таа можеби и нема да се сеќава на бојата на вашата коса или што сте носеле на себе во тој момент, но дефинитивно ќе знае зошто се насмеала.
3. Без претерување со личните податоци. Не знаеме што е полошо – дали да ја запрашате дали сака да има односи со вас или да ѝ раскажете можеби за недамнешната расправија со вашиот брат. Чудниот однос кој што можеби го имате со вашата мајка или пак како поранешната девојка ви го скршила срцето, се теми за кои што се зборува после 15-тиот состанок и никако во првите седум секунди.
4. Користете изреки. Девојките ги сакаат изреките на паметните луѓе. Тоа им дава до знаење дека потенцијалното момче е образовано, романтично и мистериозно. Има повеќе причини поради кои Instagram мрежата е преплавена со фотографии на кои што со различни фонтови може да прочитате многу познати изреки. Обидете се токму некоја од тие реченици спонтано да ја вметнете во разговорот за да не изгледате претенциозно.
5. Поставувајте прашања. Ако успеете да поставите прашање на кое што таа отворено ќе започне да разговара, тогаш и дефинитивно сте на добар пат. Луѓето просто сакаат да зборуваат за себе си. Прашајте ја каде израснала, што сака да направи со својот живот, кој бил нејзиниот најдобар одмор и наскоро ќе видите како ќе тече разговорот.
6. Без допири. Во ред е да се ракувате, но допирите после тоа, па уште и во првите седум секунди, делуваат морничаво. Внимавајте каде ги ставате рацете!
7. Бидете љубезни. Верувале или не, луѓето не се навикнати на тоа за странците кон нив да се однесуваат љубезно. На пример, може да го направите следново: додека чекате на ред за кафе за носење, ако забележите девојка која што ви се допаѓа, понудете ѝ вие да го земете нејзиното кафе, а потоа и да ѝ ја отворите вратата додека излегувате, со пријателска насмевка на вашето лице. Никој повеќе на улица не се смее, па тој мал гест може набрзина да ве спои.