Детето коe пред десет години бараше друштво за баскет стана МВП во НБА!

616

Никола Јокиќ ги поместува границите кога се говори за балканската кошарка во НБА-лигата. Заедно со Лука Дончиќ, тие блескаат, а српскиот крилен центар испиша историја и го урна митот за „непобедливите Американци“ откако ја освои МВП-наградата.

Првиот кошаркар на Денвер Нагетс од почетокот на сезоната беше кандидат за најдобар кошаркар и сосема заслужено наградата сега е во неговите раце. Јокиќ е третиот европеец кој успеал да го добие ова признание, по Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.

На 7 февруари 2021 година тој даде 50 поени со уште 12 асистенци и осум скока и ја одигра најдобрата партија во НБА, а интересно, на 7 февруари 2011 година на социјалната мрежа „Фејсбук“ имаше напишано статус „дали некој е за баскет…“.

25-годишниот кошаркар роден во Сомбор професионалната кариера ја стартува во 2012 година како член на Мега Баскет, каде играше до 2015 година. Потоа следеше трансфер во НБА-лигата, во редовите на Денвер Нагетс каде што е денес.

Зад своето име Јокиќ има три „ол-стара“ во 2019, 2020 и 2021, член на најдобрата петорка, член на најдобриот втор тим, а во 2016 година беше во најдобриот тим на „руки-играчи“. Времето на Јокиќ во НБА допрва доаѓа, затоа што од година во година тој е се подобар. Доказ за тоа е и оваа престижна МВП-награда..