Американски воен хеликоптер слета на улица во Букурешт, собори два семафори и направи хаос, пренесуваат регионалните медиуми.
Снимките од очевидците покажуваат дека хеликоптерот одеднаш изгубил висина и полетал ниско над автомобил пред да слета на блиската раскрсница што полицијата ја расчистила.
Хеликоптерот испратил сигнал дека има технички проблеми, соопшти сообраќајната полиција.
Hard landing of a #USAirForce, #BlackHawk helicopter on a central boulevard in #Bucharest , #Romania. No victims pic.twitter.com/WUnBtmtREj
— Radu Tudor (@RaduTudor1970) July 15, 2021
Романија, која е членка на НАТО од 2004 година, е домаќин на командниот центар на Алијансата и американска станица за балистички ракети.
Американската амбасада соопшти дека соработува со романските партнери во решавањето на ситуацијата и ќе објави повеќе информации подоцна.
Претставници на военото обвинителство се на лице место, а сообраќајот ќе биде обновен по отстранувањето на хеликоптерот.
Воениот хеликоптер „Црн јастреб“ учествувал на вежбата по повод Романскиот ден на авијацијата, што ќе се одржи на 20 јули, пренесуваат агенциите.