Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се им*низира, од септември или октомври најверојатно ќе има рестрикции, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, државата е далеку од колективен имунитет и апелираше граѓаните да примат дози, бидејќи вели, само на тој начин може да се избегне нов бран на панде*ијата.
„Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антива *цинална кампања, како кога беше актуелна епиде*ијата со морбилите. Тогаш веднаш интервениравме и се сузби преку им*низација преку забраната децата да се примаат во градинки и училишта. Тоа треба да е доказ колку моќна работа е им*низацијата против панде*ија. Ги пратиме другите земји, нема некоја голема разлика во бројките…најголем опфат кај нас има во поголемите градови, Скопје, Охрид, Битола…“, рече Филипче.
Филипче рече дека граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се им*низираат може да се инфицираат и да развијат тешка форма на болеста, потенцирајќи дека дозите штитат и од новите мутации на болеста.