На социјалните мрежи вчера се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како момче тепа девојка во Куманово.
На снимката се гледа како тој ја шутира и ја мава девојката, пред целата ситуација да ја забележи друго момче кое доаѓа да му врати со иста мера.
⚠️ Физички напад врз девојка во центарот на Куманово среде бел ден❗❗
Ова не смее да помине вака…❗
➡️ А вие што снимате и ништо не превземате сте тешки шупаци.. pic.twitter.com/pBpIm2BQMX— Шефот (@The_Chief86) July 21, 2021
Настанот се случил зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а за истиот се огласија и од МВР:
„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од министерството.
Еве го првиот дел од тепањето каде јаде повеќе ќотек. pic.twitter.com/lUquoNNual
— Лутенет Драгуљче (@SieMiGaDjuro) July 21, 2021