Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“, со образложение дека не постојат јасни докази дека го сториле кривичното дело за кое беа обвинети.
Обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на Љубе Бошкоски. Дополнително, вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето, пренесува „Телма“.
Бошкоски беше уапсен во јуни 2011 година пред ресторанот Воденица во Скопје.
Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО. „Тортура” го водеше судијката Александра Ристеска, а застапник на обвининението беше Љубомир Лапе.