Актерот Џон Корбет кој публиката најдобро го знае по улогата на Ејдан во серијата „Сек*от и градот“ и неговата избраничка Бо Дерек, среќната вест за венчавката ја криеле одредено време од јавноста.
Џон одлучил дека сега е вистинскиот момент да објави дека всушност е „зафатен“ човек.
Џон Корбет (60) минатата година во тајност се венчал со актерката и една од најпосакуваните жени на 80-те години – Бо Дерек (64).

Актерот убавата вест ја открил во емисијата „The Talk“ кога на водителките им го покажал својот веренички прстен.
„Се венчавме за време на Божиќ“, изјавил актерот кој тогаш ја промовирал серијата „Rebel“.
Џон, кој на сите им е познат по улогата на Ејдан од серијата „Сексот и градот“, не ја тргал насмевката од лицето додека зборувал за бракот.
„Се венчавме и ова е веројатно првпат да не ја споделиме информацијата во јавноста. Ја сакаме нашата приватност“, раскажал тој.
🚨Breaking News!🚨
John Corbett reveals exclusive breaking news about his relationship with Bo Derek to the hosts, including his good pal @MrJerryOC 💍 pic.twitter.com/tP1lfjmPL7— The Talk (@TheTalkCBS) August 3, 2021
„Сите наши пријатели и семејства знаеја, но ова е првпат еден од нас јавно да каже нешто за бракот поради тоа што навистина немавме можност за тоа. По 20 години одлучивме да се венчаме. Не сакавме 2020 да биде таква година која сите ќе ја мразат. Сакавме само да извлечеме нешто убаво од тоа“, истакнал Корбет.
„Мислам дека кога ќе започнуваш младо семејство и деца, тоа е прекрасна работа и има големо значење. Но, во нашите животи сè уште немаше потреба за тоа“, раскажала Дерек која зад себе има еден брак.
Таа како 20-годишна девојка се венчала со 30 години постар актер и филмски продуцент Џон Дерек и била во брак со него додека тој не починал во 1998 година од срцев удар на 72 години.
Таа била убедена дека после тоа никогаш нема да ја пронајде љубовта на својот живот.
Но, сепак го сретнала Џон и почувствувала вистинска привлечност и утеха.