Фудбалерите на Шахтјор довеле проститутки во хотел, а реакцијата на Луческу и денес се прераскажува

592

Поранешниот портпарол на ФК Шахтјор, Руслан Мармазов, раскажал една интересна анегдота од времето кога легендарниот фудбалски експерт Мирчеа Луческу го водел тимот.

ФК Шахтјор бил на подготовки во Шпанија, а на фудбалерите очигледно им било здодевно во хотелот, па одлучиле да се забавуваат.

„На играчите на подготовките во Шпанија им беше здодевно и поради тоа повикаа проститутки во хотелот. Мирчеа некако дознал за нивниот план и се појавил баш кога гостите пристигнале. Сите биле изненадени и очекувале лекција од страна на тренерот кој во тој момент мирно рекол: Момци, платете им на девојките да си одат и легнете си“, изјавил Мармазов.

Мирната реакција на искусниот експерт ги оставила играчите без текст. Тие очекувале казна поради скандалот, но сепак нивниот тренер само ги испратил на спиење.

Да ве потсетиме, Луческу од 2004 до 2016 година успешно го водел ФК Шахтјор. Освоил осум шампионски титули, а во 2009 година на Украинците им донел и трофеј на Куп УЕФА.

Луческу моментално е тренер на ФК Динамо од Киев.