Авионот од кој Авганистанците буквално паѓаа при обидот да се спасат – во него има 640 луѓе!

1023

Евакуацискиот лет од Кабул за Катар се приближил до рекордниот број луѓе кои некогаш летале во авион „Boeing“.

Светот вчера, освен веста дека Талибанците го освоија Авганистан го обиколија и фотографии и снимки од меѓународниот аеродром во Кабул.

„Boeing C-17 Globemaster III“, американско воздухопловство, евакуираше 640 Авганистанци од Кабул, се наведува во податоците од официјалната американска одбрана, пренесуваат медиумите.

Исто така, тука е и фотографијата од внатрешноста на авионот по драматичното полетување, пренесува „Defense One“.

Посадата прво немала намера да пушти толку луѓе внатре, особено со оглед дека капацитетот на ова летало во нормални околности е 150 луѓе.

Меѓутоа, со оглед на паниката која владеела во Кабул, кога луѓето почнале да се качуваат над полуотворените рампи, посадата им дозволила да се качат во авионот.