(Видео) д-р Пановски: „Не знам зошто Филипче не нè почитува и се повикува на некои анонимни експерти“

616

Комисијата за заразни болести реализираше средба со претставници од угостителските објекти, но сепак ништо не се смени, актуелните мерки остануваат на сила.

Микробиологот д-р Никола Пановски за „TВ21“  го коментираше барањето за вакцинација на граѓаните кои прележале Ковид-19 последните 45 дена.

Според Пановски апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале Ковид-19 последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале Ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.

„Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба“, изјави Пановски

„Не знам зошто министерот Филипче е упорен, зошто не нè почитува нас најстарите професори признаени тука и во светот, туку се повикува на некои анонимни експерти коишто ние не ги знаеме. Нека најде еден доктор или професор кој ќе го каже спротивното од мене“, изјави Пановски.