Нова задругарка е словенката Дениз: Сака машки и женски, а си купила порше со работа на сајт за возрасни

1254

Деновиве многу потенцијални учесници во новата сезона на најгледаното реалношоу  доаѓаат во Пинк Телевизија за да снимаат профили што ќе бидат објавени непосредно пред влезовите вечерта на почетокот на „Задруга 5“.

Прва се појави Дениз Дејм, инфлуенсерка од Словенија, која медиумите веќе ја поврзуваа со таткото на Маја Маринковиќ, но и со учесникот во „Парови“, Милутин Радосављевиќ Мили.

Таа на преговорите во ТВ Пинк дојде во провиден фустан низ кој и се проѕираше длабоко врежанататанга во голото га*е.

 

Позираше за фотографите и влезе во зградата на Пинк, каде што ќе биде меѓу првите што снимила свој видеопрофил, во кој  ќе каже што можеме да очекуваме од неа во новата сезона.

Дениз изјави дека е подготвена за интимни врски, но откри и која девојка и се допаѓа најмногу:


„Имам профил на страницата за возрасни, од која собрав пари и си купив Порше од 150.000 евра. Сакам и жени и мажи, а најмногу ми се допаѓа Маја Маринковиќ. Сакам богати мажи. Искрено немам ништо против проституцијата, но не се занимавам со неа“ – изјави идниот  член на „Задруга 5“ за порталот Србија Данас, додавајќи:

„Подготвена сум за се’, сакам еротика и немам ништо против секс без покривка пред камери“ – додаде атрактивната, сексапилна, но и контроверзна Дениз.

Фото: Инстаграм принтскрин/denisedameofficiel

Видео: Јутјуб СД