Во ерменскиот парламент избила тепачка меѓу пратениците од власта и опозицијата.
Се почнало кога зад говорницата бил пратеникот на владејачката партија “Граѓански договор”, Ајк Саркисјан, кој ја критикувал работата на претходните министри за одбрана.
По вербалната расправа кон него полетало пластично шише, а пратеникот возвратил со иста мера.