Кучиња душкачи на ГП Евзони откриле 90 килограми канабис во камион кој ја напуштил Македонија

604

На граничниот премин Евзони, со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, во камион што во Грција влегол од Македонија биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, суровиот канабис бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот, пренесува „Сител“.

Возачот на камионот бил уапсен.