Сензационалната Ема Радукану без изгубен сет стигнала до полуфиналето на Ју Ес Опен, а после новите победи открила дека ни самата не се надевала дека ќе стигне до овде.
Радукану која има само 18 години од ден на ден изненадува на Ју Ес Опен, а со новата победа дојде до полуфиналето иако на Гренд слем турнир се појавува по вторпат.
Младата Британка во два сета изненади и ја отфрли Белинда Бенчич и без изгубен сет дојде до полуфиналето. После мечот на новинарите им откри дека не очекувала ваков успех.
Emma Raducanu's run to the US Open semi-finals was so surprising even to her… she had booked flights back to the UK a fortnight ago 😅
More ⤵️ #bbctennis
— BBC Sport (@BBCSport) September 9, 2021
“Дефинитивно многу ми значи овој успех. Не очекував дека ќе бидам овде. Летовите ги пропуштив после квалификациите, бидејќи очекував дека тогаш ќе си заминам дома, така што сега сум во “убави проблеми”, порача Радукану.
Радукану зад себе има интересна животна приказна. Нејзиниот татко е Романец, додека нејзината мајка е кинескиња. Се родила во Канада, но одлучила да настапува за Велика Британија каде и научила да игра тенис.