Во Судска медицина донесено уште едно, 15-то тело поврзано со пожарот

528

Судска медицина за Телма потврди дека кај нив е донесено на обдукација уште едно тело – 15-та почината поврзана со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Станува збор за девојче од 20-тина години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но одеднаш се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка и и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Девојчето, кое веќе било починато, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувале нејзиниот погреб.

Со нејзината смрт, бројката на починати од пожарот или поврзан со трагедијата е 15. Спасени се 12, а официјалната бројка на пациенти кои во тој момент лежеле во болницата е 26.

Обвинителството дополнително треба да ги даде одговорите, дали според овие бројки меѓу починатите не се сите пациенти.

Во меѓувреме, во судска медицина завршена е обдукцијата на 14-те жртви во пожарот. Причината за смртта кај сите е висока температура, изгореници и гушење. При крај е и ДНК анализата, а обвинителството ќе добие извештајот во текот на денот.