Премиерот Зоран Заев вели дека би ја напуштил политиката, ако може да ги врати животите на 14 – те жртви од трагедијата на 8 септември во тетовската модуларна болница. Премиерот смета дека заминувањето на министерот за здравство, Венко Филипче, ќе го отежне управувањето со пандемијата.
Заев сѐ уште се двоуми дали да ги прифати или не четирите морални оставки како резултат на трагедијата.
Три дена по трагедијата во модуларната болница во Тетово, министерот и заменик министерот за здравство, Венко Филипче и Илир Асани, поднесоа оставка од морални причини. Исто постапија и директорот на болницата, Флорин Бесими и економскиот директор, Артан Етеми. Владата ги архивираше оставките, но не ги констатираше. Минатата недела во Собранието пропадна иницијативата на опозицијата за разрешување на Филипче и Асани.