Како да ја исчистите машината за садови: Само ставете ги овие состојки и вклучете ја

572

Машината за садови е еден од апаратите во кујната кои најчесто ги користиме, но за таа да трае подолги години потребно е паметно да се користи и чисти и одржува.

Сепак чистењето на вакви големи уреди е тешко па затоа во продолжение прочитајте како брзо и ефикасно може да ја исчистите машината за садови без многу напор. Се што ви е потребно е 1 кесичка сода бикарбона и малку оцет.

Извадете го садот во кој ги редите садовите, и на дното посипете сода бикарбона. Потоа во делот каде што оди прашокот ставете оцет до врв.

Вратете го садот и затворете ја машината. Вклучете ја на најјаката програма и почекајте да заврши. Машината ќе свети како нова и нема да има непријатен мирис.