Pandora papers е името за штотуку откриените документи што „протекоа“ во јавноста и го откриваат тајното богатство на околу 35 светски лидери, и минати и сегашни, и повеќе од 300 јавни службеници ширум светот.

Меѓу нив се Тони Блер, Андреј Бабиш, Владимир Путин и неговите соработници. Меѓу нив се јорданскиот крал Абдула Втори, индиската крикет суперѕвезда Сачин Тендулкар, колумбиската пејачка Шакира, германската супермоделка Клаудија Шифер, рускиот телевизиски режисер и продуцент номиниран за Оскар Константин Ернст и италијанскиот мафијаш Рафаел Амато со прекар Дебелиот Лел.
Податоците, меѓу другото, откриваат дека јорданскиот крал Абдула Втори собра тајно богатство од 70 милиони долари во недвижен имот низ САД и Велика Британија.
Тие исто така покажуваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра избегнувајќи данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата.
Путин се поврзува со недвижен имот во Монако
Документите го поврзуваат рускиот претседател Владимир Путин со недвижен имот во Монако и откриваат дека чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој се кандидира на изборите следната недела, не пријавил офшор инвестициска компанија преку која купил две вили во јужна Франција за 14 милиони евра.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора, пренесува порталот на Радио-телевизија Црна Гора.
Документите беа објавени од BBC, The Guardian, кои ја водеа истрагата во Обединетото Кралство, и Washington Post и над 100 медиуми низ целиот свет.
Ова е најголемата глобална новинарска соработка во историјата, предводена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) со партнери, вклучувајќи го и порталот Oštro. Според ICIJ, документите за трансакции, вклучително и легалните, ги собрале повеќе од 600 новинари во 117 земји низ целиот свет, пишува хрватски Index.
Врз основа на 12 милиони документи, откриено е дека имотот вреден илјади милијарди долари е скриен во даночните прибежишта ширум светот. Светските лидери и разни службеници или луѓе поврзани со нив имаат скриено богатство, избегнуваат данок, перејќи пари.
