Путин: Енергетските резерви на Русија се со неограничен, планетарен карактер

672
Рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше енергетските ресурси и резерви на земјата во рамките на „Руската енергетска недела“.

Според рускиот претседател, само „Гаспром“ произведува повеќе од 500 милијарди кубни метри гас, а резервите на компанијата се над 35 трилиони кубни метри гас, пишува РИА „Новости“.

„И воопшто, ако погледнеме глобално, резервите на Русија се со неограничен, планетарен карактер природа. И ние ги зголемуваме испораките за Европа дури и во сложените за нас самите денешни услови“, рече Путин, пренесува „Взгљад“.

Претходно, на состанокот за енергетски прашања, Путин ја определи практиката на европските партнери на пазарот на енергија како погрешна. Тој додаде дека Русија може да постави уште еден рекорд доколку се одржи сегашното темпо на испорака на гас за Европа. Исто така, според претседателот, никој не треба да се става во тешка положба во однос на гасот, вклучително и Украина, и покрај сложените односи со неа.