Лазарев: Повик за обединување на опозиција во Советот на Општина Центар

835
После долго владение СДСМ го загуби мнозинството во Советот на Општина Центар. Граѓаните се определија да гласаат за опозициски партии.

Како носител на листата на Коалицијата која освои најголем број на советници ги повикувам партијата Левица со носителот Марија Среброва и независниот кандидат Јана Белчева кои презентираа прекрасни проекти за време на кампањата да се обединиме околу неколку најважни точки кои ќе донесат поквалитетен живот за сите нас во општина Центар.

Почитувани граѓани, за да овој мозаик биде целосен потребно е професорката Наташа Котлар да застане на чело на општината.

Затоа на 31 октомври ве повикувам сите вас кои во првиот круг гласавте за кандидати кои не влегоа во втор круг и сите вие кои не гласавте, сите заедно да излеземе и да го дадеме нашиот глас за професорката Наташа Котлар.

Игор Лазарев, носител на советничка листа за општина Центар