Поранешен кечер остана без нозете и левата рака

834

Џими Рејв пред 20 години беше една од најголемите американски кечерски ѕвезди.

Тој минатата година решил да се пензионира откако ја загубил левата рака поради инфекција. Во јуни годинава му биле ампутирани двете нозе поради бактерија отпорна на лекови, која може да биде смртоносна.

Рејв на почетокот имал проблеми со одењето, а потоа отишол на лекарски преглед и дознал дека поради бактериска инфекција морал да остане без двете нозе под колената. После се, Рејв дознал дека и должи на болницата повеќе од 100.000 долари.

„Време беше да се јавам. Отидов кај мојот хирург во јуни затоа што имав проблеми со одењето. Тој дозна дека имам МРСА на двете нозе и веднаш ми треба ампутација. Отсекогаш го сакав професионалното борење. Секогаш бев искрен за моето минато, одев на подкасти и правев интервјуа каде што бев целосно отворен. Цело време ги криев нозете од срам.Извинете ако не живеев според вашите очекувања.“, напишал тој на Твитер.

Рејв се занимава со професионално борење веќе 21 година. Сега е отворена страница каде што се собираат пари за да се платат неговите медицински трошоци.