Прекрасната бринета во 2014 година постојано стоеше до Надал и ги освои љубителите на тенисот, а еве како изгледа денес

766

Доколку добро ве служи помнењето или сте фан на тенисот, тогаш сигурнo се сеќавате на впечатливите сцени од турнирот Рио Опен во 2014 година кога светот го освои преубавата девојка која на натпреварот на Надал ги собирала топчињата.

Во поголемиот дел од турнирот таа стоела покрај шпанскиот тенисер, а интересно е тоа што телевизиските камери често нејзе ја ставале во прв план, наместо Шпанецот.

Видеото во кое се гледа убавата бринета станало вирално, а таа добила епитет „најубава собирачка на топчиња на светот“, па добила армија на фанови.

Очекувано, не требало многу долго време да помине за да се откријат некои работи за неа.

Прекрасната девојка била Бразилката Маја Карели, а денес таа исто така се занимава со новинарство. Таа останала верна на спортот, па работи како спортски коментатор на радио, но и како телевизиска водителка во спортската програма „SBT Esporte Rio“.

Но, тука на нејзините ангажмани не е крај – таа исто така ги најавува и натпреварите на Олимпискиот стадион во Рио де Жанеиро.

Рози ѝ цветале и на емотивен план – таа се венчала и има две деца, а раскошната убавина и сексапил и натаму ја красат.