(Видео) Закерберг и „Meta“ го претставија првиот проект: Вештачка кожа за роботи кои „градат“ метаверзум

500

Специјалниот материјал е дебел само три милиметри, а во продолжение прочитајте повеќе за новиот проект на Закерберг.

Извршниот директор на компанијата „Meta“, Марк Закерберг, го претставил првиот проект на компанијата, а станува збор за вештачка кожа за роботи.

Таа ќе им овозможи на машините да помогнат во „правење“ метаверзумот.

Синтетичката „ReSkin“ го унапредува „чувството“ на машината при земање или преместување на предмети. Материјалот е дебел три милиметри, а може да послужи за 50.000 различни работи, пренесува „Daily Mail“.

Комплексен проект

Произведувањето на вештачка кожа е евтино, дури шест долари за 100 единици, објавено е на официјалниот блог на „Facebook Al“.

„Таа им помага на роботите да разберат што прават луѓето“, изјавил Абхинав Гупта од „Meta“.

Амбициозниот проект на „првенчето“ на Закерберг е многу комплексен, а потребно е компанијата прво да направи фикциско опкружување, во што ќе помогнат роботите.

„Со тоа сме чекор поблиску до физичкиот контакт со виртуелните предмети во метаверзумот“, објаснил Гупта.

Објавено е и видео со две роботизирани раце. Едната е опремена со „ReSkin“, а другата не е. И двете се програмирани да фатат боровница, но само првата тоа го прави доволно нежно и безбедно.